Вечерва голема полициска акција – првични информации

До редакцијата на Инфомакс простигнаа снимки од голема полициска акција која доцна вечерва се одвива во скопско Батинци.

Инфомакс побара и одговор од МВР од каде накусо посочија дека се работи за акција по добиена информација дека во објектот се наоѓа лице барано по потерница барано за тешки кривични дела.

-По претходно добиена информација, надлежни полициски служби при МВР денеска делуваа на подрачјето на Скопје, со цел лишување од слобода на лице, по кое е распишана национална и меѓународна потерница за тешки кривични дела.

Активностите продолжуваат на терен со цел пронаоѓање и лишување од слобода на лицето од висок интерес, велат од МВР.

Според информациите на Инфомакс во обејктот имало само жени и лицето не е пронајдено.

Извор: Инфомакс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде