Во Белград почина пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, сопругата на пејачот, композитор и актер Зафир Хаџиманов. Имаше 90 години.
„Утрово нѐ напушти мојата мајка Сенка Велетанлиќ, по тешка болест. За замина тивко, достоинствено, во сон, како дама, токму како што ѝ прилегаше. Те сакам мамо. Ти благодарам мамо“, напиша на социјалните мрежи нејзиниот син, музичарот Васил Хаџиманов.
Велетанлиќ е родена на 27 мај во 1936 во Загреб. Pочнала да пее во хорот на КУД „Јожа Влаховиќ“, а во 1958 ги направила првите снимки за Радио Загреб. Дипломирала на Економскиот факултет, но решила да продолжи со музиката. Во 1960, на фестивалот во Опатија, ја отпеа „Ноќ без ѕвезди“ и стана ѕвезда во поранешна Југославија.
На средината на 1960-тите се омажи за колегата Зафир Хаџиманов. Во 1967, Сенка и Зафир го одржаа својот прв рецитал во театарот Ателје 212 во Белград, а ТВ Белград за првпат сними концерт во живо со популарна музика. Дуетот на Сенка и Зафир, „Љуби ме и главата горе“ стана евергрин во Македонија и во поранешна Југославија. Во 1972, таа сними дует со нејзината сестра Бисера Велетанлиќ. Како актерка играше во десетина филмови и ТВ серии, а најпозната ѝ е улогата во „Три“ на Александар Петровиќ од 1965, еден од најзначајните филмови на таканаречениот југословенски црн бран.
Со Зафир Хаџиманов, кој почина од ковид во 2021, го имаат синот Васил Хаџиманов, познат џез музичар. Неговата ќерка Марта Хаџиманов е успешка оперска и џез пејачка.

