Денеска врнежи од снег – еве во кои делови од Македонија

Од УХМР известуваат дека времето денеска ќе биде претпладне претежно сончево, попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи претежно од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од источен правец.

Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во утре се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.

По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде