Судијата осомничен за корупција, Ѓоко Ристов, кој пред три дена беше во центарот на вниманието откако во неговата семејна куќа во Неготино беа пронајдени околу 350.000 евра соѕидани во ѕид, сега се наоѓа во просториите на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, објави 4NEWS.mk
Според информациите што ги дознава 4NEWS, јавниот обвинител бара од судијата да му биде одземен пасошот и да му биде определен куќен притвор додека трае постапката.
Од ОЈО нагласуваат дека постапката е сложена и обемна, и дека се преземаат сите мерки за целосно документирање на настанот, како и за утврдување на сите околности околу пронајдените средства.
Ристов минатата недела заминал на боледување, по што неговите колеги повеќе не го виделе, а јавноста остана во неизвесност околу неговата локација и мерките кои ќе се преземат.

