БОМБА: Шилегов најавува дека повеќе пратеници ќе го напуштат СДСМ

Поранешниот градоначалник на Скопје и истакнат член на СДСМ, Петре Шилегов, повторно побара оставка од актуелното раководство на партијата поради, како што рече, катастрофалните резултати од работењето.

„Да ја сведете поддршката на партијата на само стотина илјади гласови и само 15 пратеници, да станете петта партија во Скопје, трета во Македонија, што е тоа ако не катастрофа?“, рече Шилегов во „Топ тема“ на „Телма“.

„Ќе дојде до определени барања, не само од моја страна, туку од сериозна групација во партијата, меѓу кои има и актуелни пратеници, кои исто така немаат никаква комуникација со раководството.

Кога ќе излезат од партијата дел од пратениците, можеби половина од пратеничката група, кога дел од општинското раководство ќе ви ги затвори вратите, тогаш ќе сфатите дека мора да си заминете од функцијата“, рече Шилегов, кој е највисокиот некогашен функционер на СДСМ кој јавно го критикува актуелниот лидер Филипче.

Тој рече дека е спорна одлуката на лидерот Филипче да не учествува на лидерската средба, за што вели дека не е одлука донесена од партиските тела, а објаснувањето „не седиме на маса со криминалци“, според него е апсурдно.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде