Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера попладне на локален пат кај село Русјаци, општина Македонски Брод.
Во несреќата животот го загуби 41-годишната К.С.С. од Кичево.
Автомобил марка „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од нејзиниот сопруг излета од коловозот и се преврте.
Од здобиените повреди на местото на несреќата почина жената, а лекар констатираше смрт. Телото е дадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.
Сопатниците, С.С.(69), М.С.(62) и шестгодишно дете, се здобиле со телесни повреди и веднаш се пренесени во Општа болница-Прилеп каде им е укажана медицинска помош.

