На 21 јануари 2026 година, околу 20:30 часот, на магистралниот пат во атарот на селото Уларци, кај познатото место „Двојни кривини“, се случила сообраќајна несреќа, информира Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С. (41) од Кочани, излетало од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди здобила 16-годишна сопатничка од селото Спанчево.
Со полесни телесни повреди се здобиле уште тројца 16-годишници од селата Чешиново, Спанчево и Кучичино, како и 14-годишна малолетничка од Чешиново.
Сите повредени биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде им била укажана лекарска помош.
На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Кочани, а надлежните служби преземаат мерки за утврдување на причините и околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.

