Страотна сообраќајна несреќа – повеќе лица се повредени

Страотна сообраќајна несреќа – повеќе лица се повредени

Во ОВР Кочани е пријавено дека на магистрален пат кај место викано „Двојни кривини“ во атар на с.Уларци, патничко возило „фолксваген туран“ управувано од Н.С.(41) од Кочани, излетало од патот.

Во несреќата со тешки повреди се здобила 16-годишната сопатничка од село Спанчево, додека со телесни повреди се здобиле тројца 16-годишници од селата Чешиново, Спанчево и Кучичино и 14-годишна малолетничка од Чешиново, констатирани во Клиничка болница Штип.

Од МВР велат дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Кочани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде