Почина 79-годишната жена од Битола која минатата недела беше брутално претепана од нејзиниот 28-годишен внук Т. Р. во заедничкиот дом во Битола, објави порталот СДК.мк.
Според објавата на порталот, таа денеска била погребана на Светонеделските гробишта во Битола.
Семејното насилство се случило на 17 јануари.
Според Основното јавно обвинителство Битола, внукот ја блокирал и ја затворил влезната врата од куќата со фиока, по што со рацете ја удирал жената по главата и телото додека не паднала во бессознание.
Таа во бессознание била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде што починала.
По насилството осомничениот избегал, а полицијата го нашла и привела во казино во Битола. Потоа, со издадено судско решение, осомничениот е пратен на опсервација и вештачење во Психијатриската болница во Демир Хисар за период од најмалку еден месец.

