На христијанскиот празник Водици е забележана кражба во црквата „Свети Атанасиј“ во Босилово.
На социјалните мрежи се прошири снимката на која може да се забележи како едно лице зема пари од фиоката.
Од црковниот одбор ги замолија верниците доколку го познаваат лицето да го пријават кај надлежните институции.

