Денеска врнежи од снег – еве во кои делови од Македонија

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини.

Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, променливо облачно претпладне со појава на магла, попладне со сончеви периоди.

Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Во недела времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во понеделник, кога и на некои од повисоките места ќе преминуваат во снег.

Преодно стабилизирање на времето се очекува во вторник, а од среда повторно ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде