Малолетник денеска претпладне во скопското село Долно Коњари со возило удрил во паркиран автомобил и во пешак кој со тешки повреди е пренесен во болница, каде, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), лекарите се борат за неговиот живот.
Денеска (25.01.2026) во 11:30 часот пријавена е сообраќајна незгода во с.Долно Коњари, скопско во која патничко возило со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник удрило во паркирано патничко возило со скопски регистарски ознаки и пешак И.Ф. Од незгодата со повреди се здобил пешакот кој е пренесен во Ургентен центар “Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди и е во животно загрозувачка состојба, соопштуваат од МВР.
Оттаму пренесуваат дека за инцидентот е известен дежурен јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Од незгодата, со повреди се здобил пешакот, кој е пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки те

