НАЈНОВА ВЕСТ: Автобус удри во малолетен пешак – детето пренесено во болница

Фото: Илустрација

Министерството за внатрешни работи соопшти официјални детали за сообраќајната незгода што попладнево се случи во близина на Основното училиште „Тихомир Милошевски“ во скопската населба Ново Село. 

Како што информираат од МВР, денеска (26 јануари 2026 година) во 16:32 часот во СВР Скопје било пријавено дека дошло до сообраќајна незгода помеѓу автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Џ. од селото Крушопек, и малолетен пешак од селото Ново Село, скопско.

Повредениот пешак со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во ГОБ „8 Септември“, каде му биле констатирани телесни повреди, по што бил пуштен на домашно лекување.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои се случила незгодата.

Претходно, граѓаните преку социјалните мрежи информираа дека сообраќајот кон Волково се одвивал отежнато и во една коловозна лента поради незгодата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде