Поплави во делови од Македонија – Удавени над 100 овци и јагниња

Силното невреме и обилните дождови предизвикаа катастрофални штети во струмичкиот регион.

Најкритично е во селото Костурино, на местото викано „Шепово“, каде во налетот на водата загинаа повеќе од 100 јагниња и овци.

Покрај големите загуби во сточниот фонд, поплавите нанесоа сериозни оштетувања и на земјоделските површини во атарот на селото Муртино.

Локалните земјоделци стравуваат за своите насади, кои се целосно под вода, додека надлежните допрва ќе ја утврдуваат вкупната материјална штета на терен.

Поплави имаше и во радовишкиот регион.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде