Трагедија ја потресе Македонија: 24-годишно момче починало во својот дом – телото предадено на обдукција

Младо момче од селото Возарци, кавадаречко, починало синоќа, а причините за неговата смрт ќе бидат утврдени со обдукција, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-Синоќа во 22:30 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека во домот во село Возарци, кавадаречко, починал С.П., на возраст од 24 години од село Возарци.

Лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци констатирал смрт без видливи траги на насилств, соопштија од СВР – Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде