Кај Свети Николе синоќа бил пресечен транспорт на околу 200 килограми марихуана, објави порталот МКД.мк.
Во голема полициска акција, во која учествувале екипи на БЈБ – МВР составени од припадници на Организиран криминал и САЕ Тигар, биле запрени три возила, од кои едно возило било со швајцарски ознаки, а две со македонски регистарски таблици.
Како што дознава порталот, швајцарското возило во кое била марихуаната, било качено на македонско шлеп возило кое имало и претходница чистач на патот.
Исто така, според нивните сознанија, станувало збор за организирана криминална група која делувала на територијата на Македонија и соседните земји.

