Продолжи судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“, а еден од преживеаните, Мартин Китанов имаше потресно сведоштво во судницата.
Китанов кажа дека при обидот да избега од пожарот паднал, по што врз него почнале да паѓаат и руги лица.
„Пет другари бевме на масата, само јас преживеав. Тројца ми беа другари од детство. Не знам точно како загинаа до денес. Единствено во тие моменти се обидував да издржам и да дишам“, кажа Китанов.
Нашата последна слика.
Разделиа не на една од нашите најубави ноќи на најлош начин а не по наша вина.
Почивајте во мир другари заедно со сите што не успеаа да ја надминат оваа голема трагедија…
Засекогаш ке бидете во моето срце, напиша по трагедијата Мартин Китанов.

