Доцна синоќа, на регионалниот пат помеѓу селата Владевци и Радичево, во струмичкиот регион, шлепер излетал од коловозот, по што сообраќајот на оваа делница бил целосно прекинат.
По несреќата, на терен веднаш интервенирале надлежните служби со цел обезбедување на местото и нормализирање на сообраќајот, додека возилото било отстранувано од патот.
Од АМСМ апелираат до возачите да бидат особено внимателни при управување со возилата, имајќи предвид дека коловозите се влажни,
што значително го зголемува ризикот од сообраќајни незгоди на овој дел од патната мрежа.

