ТАЖНА ВЕСТ: Почина легендарниот музичар!

Двократниот добитник на Греми, прочуениот јамајкански реге-тапанар Слај Данбар, кој стои зад безброј хитови – од Боб Марли до Боб Дилан – почина на 73-годишна возраст.

Тој беше едната половина од легендарното дуо „Слај и Роби“ (Sly & Robbie). Веста за неговата смрт ја потврди неговата сопруга Телма за весникот „Џамајка Глинер“ (Jamaica Gleaner).

Заедно со басистот Роби Шекспир, Данбар го сочинуваше дуото познато и како „Близнаците на ритамот“ (The Riddim Twins). Тие оставија незаборавен печат на реге-класиците на Блек Ухуру, Џими Клиф и Питер Тош, а нивната музика ја препознаа и светски уметници како Грејс Џонс и групата „Ролинг Стоунс“.

„Слај и Роби“ учествуваа на три албуми на Грејс Џонс – „Warm Leatherette“, „Nightclubbing“ и „Living My Life“ – како и на четири албуми на Серж Генсбур. Данбар свиреше и на три албуми на Боб Дилан: „Infidels“ (1983), „Empire Burlesque“ (1985) и „Down in the Groove“ (1988).

„Не постојат зборови кои можат да ја опишат мојата болка поради смртта на мојот пријател и легенда“, напиша на Фејсбук Али Кемпбел од UB40. „Современите ритми немаше да бидат тоа што се денес без влијанието на реге и dancehall ритмовите што Слај ги постави.“

Списанието „Ролинг Стоун“ ја истакна нивната ненадмината мајсторија, со суптилен, опуштен, но цврст ритам што го одбележа жанрот. Роби Шекспир почина во 2021 година.

Данбар свиреше и со групата „Револушнрс“ (The Revolutionaries) во студиото „Ченел Уан“ (Channel One), а неговиот потпис се слуша во песни како „Police and Thieves“ на Џуниор Марвин, „Easy to Love“ на Макси Прист, класиката „Double Barrel“ на Дејв и Ансел Колинс, како и во „Punky Reggae Party“ на Боб Марли.

Тој бил номиниран за Греми 13 пати, а ја освоил наградата двапати: во 1985 година со Блек Ухуру за албумот „Anthem“ и во 1999 година за албумот „Friends“ на „Слај и Роби“ како најдобар реге-албум.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде