УЖАС: Се урна потпорен ѕид, оштетени се повеќе возила, за малку избегната катастрофа

На улицата Љубен Иванов во Штип потпорен ѕид се сруши и падна врз паркирани автомобили.

На фотографиите и видеата кои беа објавени од местото на настанот се гледа дека големи бетонски блокови, земја и камења предизвикале значителна материјална штета врз најмалку две патнички возила.

На видеото кое го објави телевизијата „М-нет“ се гледа како срушената конструкција речиси целосно покрива еден бел автомобил марка „Шкода“, додека врз друго црно возило е падната метална ограда.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде