Сообраќајна несреќа во регионот: има повредени македонски државјани

Сообраќајна несреќа се случила вчера околу 12:50 часот на главниот пат во општина Лепосавиќ, на северот од Косово.

Во несреќата учествувале две патнички возила – едно со регистарски ознаки од Македонија и едно со косовски таблички.

Според официјалните информации од полицијата, во судирот се повредени двајца државјани на Северна Македонија, возачот и една сопатничка од возилото со македонски регистарски ознаки.

Тие се пренесени на лекарски преглед и им е укажана медицинска помош.

Возачот на возилото со косовски регистарски таблички не се здобил со повреди.

Надлежните полициски служби извршиле увид на местото на настанот, а причините за несреќата се предмет на понатамошна истрага.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде