Утрово тешка сообраќајна несреќа – првични информации

Сообраќајна несреќа се случила утрово на експресниот пат Штип – Радовиш. 

Според информациите од терен, неофицијално 40-годишен возач од Струмица со „мицубиши“ излетал од пат и останал заглавен во возилото.

Интервенирала Противпожарната служба за да го извадат од возилото. 

Неофицијално, возачот е повреден, а причинета е голема материјална штета на возилото. 

Се очекуваат официјални информации од полицијата. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде