Поранешниот пејач на групата Спандау Балeт (Spandau Ballet), Рос Дејвидсон (37), е прогласен за виновен за силување на една жена, како и за обид за силување и сексуален напад врз друга жена.
Поротата на Крунскиот суд вчера го осуди по сите точки од обвинението, по повеќе од 11 часови расправа.
Дејвидсон, кој настапувал под уметничко име Рос Вајлд (Ross Wild), беше фронтмен на бендот во 2018 година, а, меѓудругото учествувал и во мјузиклот Ви вил рок ју (We Will Rock You).
Една од жртвите сведочела дека била нападната во март 2015 година додека спиела во неговиот кревет во Лондон. Таа рекла дека се чувствувала „немоќна“ и „присилно исплашена за да реагира“. Втората жена раскажала дека во декември 2019 година се разбудила во хотелска соба на Тајланд и го затекнала Дејвидсон како се обидува да ја силува без нејзиното согласување и без кондом. Таа успеала смирено да го спречи, по што тој ѝ рекол: „Фала што беше кул во врска со ова“.
Тој претходно признал вина за војеризам на Тајланд, бидејќи тајно снимал една жена. На неговиот телефон бил пронајден видеозапис на кој се гледа како ја допира додека таа спиела. Обвинителството навело дека жената на снимката била „во сон, неподвижна и без реакција“, и дека била „полугола“. Жртвата не знаела за снимката сè до 2023 година, кога ја известила полицијата.


