(ФОТО) Ужас и страв: Ново свлечиште ја блокираше релацијата на овој патен правец во Македонија

Патниот правец Берово – Струмица беше затворен за сообраќај поради свлечиште што се активирало во вечерните часови.

На коловозот дошло до насобирање земја и карпи, што го направило патот небезбеден за сообраќај и го оневозможило нормалното движење на возилата.

На местото на настанот се присутни полициски возила и претставници на надлежните институции, кои ја следат состојбата и ја обезбедуваат делницата.

Според првичните информации, свлечиштето се случило на дел од патот кој и претходно бил означен како критичен, особено при неповолни временски услови.

Засега нема пријави за повредени лица, ниту за поголема материјална штета.

АМСМ утрово информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде