Маж пронајден мртов во хотел во Маврово – телото предадено на обдукција

МВР информира дека завчера во 10:55 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека има починато лице во хотел во Маврово.

– Увидна екипа во присуство на јавен обвинител извршила увид во помошните простории на хотелот,

каде во една од собите за персонал бил пронајден починат В.Л.(58) од Охрид, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде