ДРАМА: Најчевска жестоко распали по Каракамишева

Професорката Мирјана Најчевска остро ја критикуваше поставувањето на Каракамишева на позицијата советник за човекови права на премиерот Христијан Мицкоски. Според Најчевска, Каракамишева е еден од најсилните застапници против човековите права и слободи во земјата, против почитувањето на етничките и родовите различности и против цивилизациските норми за недискриминација.

„Каракамишева е еден од бастионите на борбата против човековите права и слободи во Македонија.

Таа е неуморен борец против почитувањето на разликите и цивилизациски достигнатите норми на недискриминација врз етничка и врз родова основа.

Каракамишева е поборник на повлекување на Македонија од Истанбулската конвенција за семејното насилство и промотор на ограничување на правата на луѓето врз основа на род и сексуална ориентација.

Со овие свои ставови таа дефинитивно го заслужува местото на советник на Мицковски за човекови права.“, вели Најчевска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде