Општина Македонска Каменица објави дека е извршена првата исплата во износ од 65 илјади денари — 15 илјади денари за новороденче во тековната година и дополнителни 50 илјади денари за четврто дете во семејството.
Во продолжение фејсбук објавата на градоначалничката Стаменкова.
„Со новиот Правилник за парична поддршка за новороденчиња, за првпат воведовме дополнителна финансиска стимулација за повеќедетни семејства.
Денеска е извршена првата исплата во износ од 65 илјади денари — 15 илјади денари за новороденче во тековната година и дополнителни 50 илјади денари за четврто дете во семејството.
Со ова испраќаме јасна порака за поддршка на семејствата и поттик на наталитетот во општината“, напиша Стаменкова.

