Тешко повреден возач кој со своето возило „мицубиши“ излетал од патот Штип-Радовиш
На 28.01.2026 околу 09:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на 27.01.2026 околу 16:00 часот на експресниот пат Штип- Радовиш,
на место викано „Балталиски мост“, патничко возило „мицубиши лансер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.И.(35) од с.Секирник, општина Босилово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

