Фејсбук реакција на Ina Mnogufina
Кедев се повлекол од комисијата што требаше да истражи дали и кој касапел луѓе за профит. Вика ништо не се дешава таму.
Така и почна се, он кажа и три дена ништо не се случуваше, ќутеа сите ко млада невеста додека не се деси народ да бара одговори.
Тогаш, како по шаблон, излегоа институции се расфрлија со изјави “како бе??? да, да, одма сеа ќе провериме тоа, како бе така, не смее тоа, сега ние ќе викнеме стручњаци, а у нешто”… излегоа некои бројки дека од 19 ревидирани случаи 10 се непотребни операции. И толку.
Тишина, само звук на ветер и штурци. Кому му одговара да се заташка? Дали не треба да знаеме кој отвара луѓе за профит?
Дали се свесни дека народ продава имот пошто-зашто и заглавува во брзи кредити за да ги плаќа тие операции? Кому му одговара да не знаеме кој касапи луѓе?

