На 30 јанаури 2026 година, во 23.17 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Подвис, случена е сообраќајна незгода во која се повредени седум лица, од кои едно малолетно.
– Незгодата се случила помеѓу патничките моторни возила „Рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(51) од Прилеп и „Џип“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.У.(33) од кичевското село Зајас.
Притоа, двајцата возачи и сопатниците од првото возило О.А.(47) и М.Г.(55), двете од Прилеп како и сопатниците од второто возило Б.Ф.(45), Ј.Ч.(31) и едно шест годишно малолетно лице, сите од селото Зајас, беа пренесени во Општата болница во Кичево каде, им биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид.

