Teшка несреќа: Cе преврте камион – првични информации

Тешка несреќа вечерва на патниот правец Битола – Прилеп.

Сообраќајна незгода е регистрирана на патниот правец Битола – Прилеп, каде камион излетал од коловозот и се превртел покрај патот, објави Скопје 1.

Засега нема официјални информации дали во несреќата има повредени лица, ниту пак се познати причините поради кои дошло до излетувањето и превртувањето на товарното возило.

На местото на настанот се присутни полициски екипи кои вршат увид, а повеќе детали се очекуваат по завршување на истрагата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде