Во судир на брод на грчката Гранична стража со чамец со мигранти недалеку од островот Хиос, загинаа најмалку 14 лица – 12 мажи и две жени, а најмалку 25 лица се повредени, соопштија од поморската капетанија на Хиос.
„Патролен брод на Граничната стража забележа чамец со околу 35 мигранти.
По предупредувачки сигнал, шверцерите се упатија кон чамецот на Граничната стража и предизвикаа судир“, се наведува во соопштението, пренесува грчкиот портал Proto Thema.
Грчките спасувачки служби досега пренеле во Општата болница на Хиос 25 повредени мигранти, меѓу кои една бремена жена и двајца припадници на Граничната стража – еден маж и една жена.
Меѓу повредените се седум мажи, седум жени и 11 деца, а четири лица се во тешка состојба.

