Тажна вест споделија од Националната опера и балет.
ТАЖНА ВЕСТ
ГАЛИНА ГАЦЕВА, корепетитор во Балетот
(1948-2026)
Со длабока тага ја примивме веста за смртта на Галина Гацева, долгогодишен корепетитор во балетот при МОБ.
Нејзината посветеност, музикалност и тивка, но неизмерна поддршка на генерации уметници ќе останат трајно вградени во нашата работа и спомени.
Длабоко сочувство до семејството.
НУ Национална опера и балет

