Во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово- Скопје, во с.Љубодраг, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ управувано од М.А.(47) од с.Љубодраг, кумановско и возило „шкода“ управувано од Б.С.(51) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здоби возачот на возилото „шкода“, додека со телесни повреди неговите сопатници Т.Р.(49) од Куманово, М.Ј.(49) од с.Черкези, кумановско, возачот на патничкото возило „ауди“ и неговата сопатничка О.Ц.(45) од Куманово.
При извршен увид од увидна екипа на СВР Куманово и проверка е констатирано дека возачот на возилото „шкода“, М.А. го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

