СТРАШНО: Тешка сообраќајна несреќа помеѓу три возила – двајца возачи имале забрана за управување возило

Вчера во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки,

управувано од 24-годишниот В.В.М. од Охрид, патничко возило „ланчија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Ј.П. од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот П.Н. од Охрид.

По преземени мерки, констатирано е дека В.В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 0,71 промили алкохол во крвта, а има и три забрани за управување со моторно возило за „Б“ категорија.

Исто така, и Ј.П. има една забрана за управување со моторно возило за „Б“ категорија.

Известен е јавен обвинител, по чии насоки им се одземени возилата на В.В.М. и Ј.П. и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде