ШОК: Поранешна македонска ракометарка осомничена во криминална шема

Поранешната легендарна ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, двајца полицајци и еден пожарникар се осомничени дека примале поткуп за побрзо издавање на лични документи.

Според МВР, тие во периодот од февруари до април 2024 година воспоставиле организирана шема за противзаконито посредување при издавање лични карти, пасоши и возачки дозволи, за што добивале финансиски надомест.

Полицијата поднесе кривична пријава против М.С., на работно место полицаец во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, во моментот на сторување на делото со наредба распореден во Одделението за управни работи Скопје, П.П., на работно место полицаец во Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, В.Р., вработена како наставник во средно училиште во Скопје и А.С., вработен како пожарникар во Град Скопје.

„Пријавените во период од февруари до април 2024 година, заеднички, по претходен договор воспоставиле шема, на начин што организирале и спроведувале постапки за издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), а со цел стекнување противправна имотна корист, така што трето и четврто пријавените наоѓале заинтересирани граѓани кои имале потреба од изготвување на лични документи, кои им ги доставувале нивните лични податоци во форма на фотографии на трето и четврто пријавените, а овие фотографиите ги испраќале на второпријавениот П.П.“, соопшти МВР.

Радуловиќ е една од нашите најдобри ракометарки во историјата со 220 настапи и 813 голови за репрезентација.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде