На 96-годишна возраст почина Коста Балабанов, една од најистакнатите личности во македонската историја на уметност и во заштитата на културното наследство.
Како историчар на уметност, конзерватор, научник, дипломат, професор и културен деец, тој остави длабока трага во проучувањето, зачувувањето и меѓународната афирмација на македонската средновековна уметност.
Познат е и како хуманист, љубител на природата и пасиониран акварист, кој и во подоцнежните години активно го следи културниот живот и ги поддржува младите стручњаци.
Добитник е на многу домашни и меѓународни награди, меѓу кои и државната награда „Св. Климент Охридски“.
Посмртните останки ќе бидат изложени на утре од 14:30 до 15:30 часот во капелата на градските гробишта Бутел.


