Вчера (06.02.2026) во 11:53 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на крстосница од улицата „Кеј на револуцијата“,
улицата „Браќа Ставреви“ и „Нов мост“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(37) и мопед со кочански регистарски ознаки, управуван од 17-годишник, двајцата од Кочани, се наведува во полицискиот билтен.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

