Тешка сообраќајна несреќа, младо момче итно пренесено во болница

Синоќа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки,

управувано од 25-годишен Х.Д., и мопед управуван од 17-годишник од Скопје.

Во несреќата со сериозни телесни повреди се здобил 17-годишниот сопатник на мопедот, кој веднаш бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на медицинска помош.

На местото на настанот интервенирала увидна екипа на СВР Скопје која изврши целосен увид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде