Скопските сеизмолози со први информации за земјотресот – еве колкава била јачината

Вечерва силен земјотрес ја стресе Македонија.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,

вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово, на околу 45 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.6

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, во Скопје и околината со интензитет од IV-V степени, во останатите делови од Републиката со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде