Вечерва во 22:05 часот по локално време во тетовскиот регион е регистриран земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот бил лоциран околу 14 километри северно од Тетово и 23 километри источно од Призрен, Косово.
Според првичните податоци, потресот бил на длабочина од околу 5 километри.
Земјотресот бил почувствуван во Тетово, Скопје и во поширокиот северозападен дел од земјата, но засега нема пријави за материјална штета или повредени лица.
Надлежните служби ја следат ситуацијата, а дополнителни информации се очекуваат наскоро.

