Огромна тага: На 45-години почина познатиот турски актер

Турскиот актер Канболат Горкем Арслан починал на 45 години по срцев удар. Публиката ќе го памети по неговата улога во серијата „Осман Освојувачот“ и други.

Му се слошилово неговиот дом во Бејоглу, по што бил однесен во болница. Откриле дека имал срцев удар. За жал, не можеле да го спасат.

Покрај споменатата серија, тој глумеше и во бројни други кинематографски продукции: „Destan“, „Poyraz Karayel“, „Yer Gok Ask“, „Wild Heart“ итн.

Својата кариера ја започнал на театарската сцена, по што почнал да снима телевизиски проекти. Многу колеги се збогуваат со него на социјалните мрежи, вклучувајќи ја и актерката Емел Чолгеџен со која глумел во серијата „Појраз Карајел“.

„Збогум, пријателе мој, многу ми е жал. Немам зборови да го опишам тоа. Нека те чува земјата. Многу ми е жал, драг мој“, напишала таа на својот Инстаграм профил.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде