Татјана Јечменица (47), поранешна српска тенисерка и селекторка на националниот тим, загина во страшна сообраќајна несреќа во близина на Белград, кога нејзиниот автомобил беше удрен од шлепер.
На обиколницата околу Белград, кај клучката Орловача, кратко пред 21 часот се судриле џип и влечно возило, а во несреќата Татјана го загубила животот, додека нејзиниот сопруг бил тешко повреден.
Пожарникарите пристигнале на местото на настанот 20 минути подоцна и пронашле две лица заробени во џипот. Сопругот на Татјана бил извлечен во свесна состојба, ставен е во индуцирана кома, поради повреди на градниот кош, а лекарите се борат за неговиот живот. За жал, таа починала.
Според првите информации, таа возела, го пропуштила исклучувањето на клучката, а кога се враќала во рикверц, влечното возило наишло на нив.

