СТРАШНО: Малолетник без возачка прегазил пешак

Седумнаесетгодишник од Битола е лишен од слобода откако со патничко возило „даеву тико“ удрил во 42-годишен пешак на улицата „Козјак“ во Битола, при што пешакот се здобил со тешки телесни повреди.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен на 13 февруари 2026 година во 18:35 часот во Секторот за внатрешни работи Битола. Возилото со битолски регистарски ознаки го управувал 17-годишник од Битола, кој удрил во пешакот Е.К. (42), исто така од Битола.

Повредениот бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола, а по дополнителни проверки било утврдено дека малолетникот управувал со возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило. По насоки од јавен обвинител, тој е лишен од слобода, а возилото е одземено.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде