Во село Блатец се одржауваат масовни протести против најавената изградба на мини хидроцентрала на реката Блатешница.
Според жителите, оваа река претставува извор на живот за нивното село и нејзиното уништување би значело целосно иселување на населението.
„Без реката Блатешница, ние во Блатец немаме што да бараме, сите ќе се иселиме,“ порачаа револтирани мештани кои со транспаренти и скандирања испратија јасна порака дека нема да дозволат изградба на хидроцентралата.
И покрај силниот дожд, протестите продолжија и во вечерните часови, при што жителите го блокираа патот кон местото каде што се планира градбата. Протестот поминал со еден помал инцидент, но состојбата наскоро била ставена под контрола.
Жителите најавуваат дека нема да се повлечат и ќе продолжат со блокадите сè додека, како што велат, не се заштити природното богатство на нивното село.
„Сложни сме, силни сме и нема да дозволиме изградба на хидроцентрала! Нека слушнат сите дека сме против!“, порачаа тие

