Тешка сообраќајна несреќа – едно лице итно пренесено во болница

На 14 февруари 2026 година, околу 21:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и велосипед.

Според информациите од полицијата, автомобилот го управувал С.Р. (38) од село Глумово, скопско, додека велосипедот го управувал Р.С. (55) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кои биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје, а причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде