Вечерва тешка несреќа – во прекин сообраќајот на овој патен правец
Сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, поточно кај местото викано „Св.Петка“, од 19:15 часот е блокиран во двата правци.
Блокадата, како што информираат од АМСМ е поради случена сообраќајна незгода.
Засега нема информација за евентуално повредени лица.
Повеќе детали се најавени за текот на утрешниот ден.

