Воведена е забрана: Силни врнежи од снег на овој патен правец

Поради врнежи од снег од  07:45 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси, соопшти Автомотосојузот на Македонија. 

Претходно АМСМ информираше дека во 5.45 часот изутрина воведена е забрана за камиони и  автобуси на патот село Лисец-Попова Шапка. 

По целосниот прекин на патот Кичево – Гостивар предизвикан од одрон во 5.40 часот изутрината,

екипа од Македонија пат ја исчисти едната сообраќајна лента и сообраќајот од 06.50 часот се одвива наизменично.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде