Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала – еве каде е епицентарот
Чиле денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитерански сеизмолошки центар.
Според информациите, епицентарот бил на длабочина од 116 километри, на околу 89 километри од градот Калама.
Засега нема податоци за повредени лица ниту за евентуална материјална штета.
Чиле се наоѓа во таканаречениот „Огнен прстен на Пацификот“, еден од најсеизмички активните региони во светот, каде земјотресите се честа појава поради судирот на тектонските плочи. Надлежните служби ја следат состојбата.

