Управата за хидрометеоролошки работи издаде нов метео аларм, според кој денес и утре ќе продолжат врнежите од дожд.
„Денес во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд.
На планините и на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Утре претпладне ќе дува засилен повремено силен ветер од јужен, а попладне од северен правец“, објавија оттаму.


